Mizar

RAZGOVOR SO SLEPITE

Sвонат ли камбаните или ми се причинува,
одамна не сум слушнал таква Божја милина.

Не можам да верувам дека е сè невидливо:
безбојни облаци и проѕирни планини
...како убав сон!

Оној што ме возљуби ми ја отвори вратата,
нежно ме помилува и ми рече: погледни
...а јас беден слеп!

Погледни нагоре, нели, Сонце те огрева,
пушти глас од длабини (и убиј ги со убавина)
да чуеш ридов како одзива
...со сета сила!